Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во Истанбул дека земјата планира да го зголеми домашното производство на нафта следната година на 100.000 барели дневно.
„Турција ќе продолжи со решителната борба додека не се најде меѓу десетте водечки економии во светот. Чекор по чекор го решаваме проблемот со трошоците за живот, кој е најголемиот извор на проблеми за целиот свет, вклучително и Европа и Америка“, изјави Еродган, пренесува агенцијата Бета.
Турскиот претседател нагласи и дека буџетот на проекти во областа на одбранбената индустрија е зголемен од 5,5 милијарди на над 75 милијарди долари.
Ердоган додаде дека извозот во таа област оваа година најверојатно ќе надмине четири милијарди долари.











