Twitter го суспендира профилот што го следеше авионот на Илон Маск

Поради промена на правилата, суспендиран е познатиот профил на Twitter што го следеше движењето на авионот на Илон Маск.

Twitter трајно го суспендираше профилот @ElonJet на кој студентот Џек Свини објавуваше информации за движењето на приватниот авион на милијардерот.

Свини како извор користеше јавно достапни податоци за летови, а следеше и други славни личности. Во текот на викендот Свини објави дека twitter дека ја ограничил видливоста на неговиот профил, а во понеделникот соопшти дека повторно сè е во ред.