Твитер ги суспендираше профилите на новинари кои пишуваат за Илон Маск

31

Twitter синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите.

Суспендирани се профилите на репортерот на The New York Times, Рајан Мек, новинарот на The Washington Post, Дру Харвел, новинарот на CNN, Дони О’Саливен и новинарот на Mashable, Мет Бајндер. Суспендиран е и профилот на независниот новинар Арон Рупар кој известува за американската политика.

Портпаролот на NYT изјави дека суспендирањето на профилите на Twitter на голем број истакнати новинари е сомнително и несреќно и оти тие не добиле никакво објаснување зошто тоа се случило.

CNN соопшти дека суспензиите се загрижувачки, но не и изненадувачки, побара објаснување и додаде дека ќе го преиспита својот однос со платформата врз основа на одговорот.

Тој, исто така, го суспендираше официјалниот профил на социјалната мрежа Mastodon, која се појави како алтернатива на Twitter откако Маск го купи.

Откако отпушти илјадници вработени откако беше преземен од Маск, Twitter работи со значително намален број вработени. Сега во голема мера се потпира на автоматизирање на модерирање на содржината, отстранување на одредени рачни прегледи и фаворизирање на ограничувањата на дистрибуција наместо целосно отстранување на одреден говор, изјави пред извесно време новата шефица за доверба и безбедност Ела Ирвин.