Словенија ќе дава субвенции за отворање авионска линија Љубљана – Скопје

Словенечката влада планира да ги задржи субвенциите за авиокомпаниите со цел да го подобри воздушното поврзување на земјата во 2023 година, сепак, има за цел да воведе голем број промени во шемата. Досега Словенија обезбедуваше ограничени средства за авиокомпаниите кои веќе летаат во земјата, но сега има намера да го охрабри започнувањето на нови линии. Министерот за економски развој и технологија, Матјаж Хан, рече дека фокусот ќе биде ставен на регионалните рути, како и на неколку други во Европа.

Хан го истакна Скопје како една од дестинациите за кои Владата ќе обезбеди субвенции. Македонскиот главен град беше една од најпрометните регионални линии на Љубљана пред колапсот на поранешниот национален авиопревозник Адриа Ервејс, пишува exyuaviation.

Главниот град на Македонија беше една од најфреквентните регионални линии пред пропаѓањето на националниот авиопревозник „Адрија ервејс“ во септември 2019.

„Знаеме дека со банкротот на Адриа ервејс, веќе немаме таква поврзаност со Скопје, и покрај фактот што тоа беше една од попрометните линии. Следната година, Министерството за економија и Министерството за инфраструктура ќе субвенционираат летови низ Европа, но и низ регионот, а Скопје ќе биде дел од него, што е многу важно за нашата економија и туризам“, кажа Хан.