Фото: Pixabay
Постојат неколку класични грешки што ги прават младите претприемачи кога започнуваат сопствен бизнис. Избегнете ги тие грешки и заштедете пари и време, пишува Business Insider.
Трошење премногу време на развој, а не на продажба на производот
Повеќето млади претприемачи премногу време минуваат во “лабораторија” пред воопшто да излезат на пазарот. Преголемата доработка на прототипот и грижата околу патентирањето на секој детал се чести грешки што треба да се избегнуваат, пишува професор Скот Анан. Никогаш не треба да се плашите да го изнесете својот моментално најдобар производ пред потрошувачите и да се обидете да им го продадете. Ако не постои продажба, нема ни бизнис.
Совршен производ не постои, постои само оној кој е довршен.
Страв дека ќе ви ја украдат идејата
Младите претприемачи дозволуваат стравот да ги води нивните одлуки при излегување на пазарот. Тестирајте го својот производ на пазарот кога ќе бидете подготвени – “негативците” ќе ви речат дека не е добар, а оние на кои ќе им се допадне ќе бидат премногу окупирани за да ја украдат вашата идеја и да започнат сопствен бизнис.
Стартувањето бизнис е тешка работа и има малку луѓе кои би украле туѓа идеја за која не е докажано дека ќе носи пари.
Размислувајте како потрошувач
Начинот на кој вие би користеле нешто не е начинот на кој ќе го користат и другите потрошувачи. Ако вашиот производ не се троши, морате да најдете друг модел. “Студентите ги поттикнувам да не започнуваат комплицирани бизниси, туку само да одат и да продадат нешто. Купете евтин предмет на кој можете да одредите маржа и продајте го. Научете да продавате, затоа што бизнисот е продажба”, пишува Анан.