Инфлацијата во Италија највисока од 1985 година

80

Во Италија во 2022 година е забележана инфлација од 8,1 отсто, што се смета за највисока во таа земја од 1985 година, покажаа најновите податоци на Истат.

Во просек, во 2022 година потрошувачките цени пораснале за 8,1 отсто, што претставува најголем раст од 1985 година (кога инфлацијата беше +9,2 отсто), главно поради трендот на цените на енергијата, пренесува Анса.

Цените на енергијата во 2022 година пораснаа во просек за 50,9 отсто во споредба со 14,1 отсто во 2021 година.

Инфлацијата предвидена за 2023 година, доколку цените останат стабилни во текот на 2023 година, изнесува 5,1 отсто.