Туристичка промоција со фокус на шпанскиот туристички пазар

146

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува со промотивните активности за нашата дестинација со учество на интернационалната саемска туристичка манифестација “Fitur 2023”, која се одржува во Мадрид, Шпанија од 18ти до 22ри јануари. Фитур оваа година е подготвен да биде еден од најсеопфатните туристички настани во кои одржливоста и технологијата повторно ќе бидат во првите редови, заедно со новите концепти и трендови во туризмот.

Мадрид е центар на Светската туристичка организација и очекувањата на македонскиот туристички сектор се подобро авионско поврзување со Шпанија, кое треба да ефектуира со резултати приближни или подобри од 2019 година.

Македонскиот штанд ги отсликува туристичките атракции на дестинацијата, со акцент на активниот, културниот, руралниот и ено-гастро туризмот. На штандот на Северна Македонија има и претставници од приватниот сектор, односно тур операторите “Touring Macedonia”, “MacSun” и “Time to travel”.

Дополнително повеќе од 15 македонски туроператори се дел од саемот за туризам во Мадрид, што овозможува уште поголем фокус на шпанскиот, португалскиот и латиноамериканскиот пазар.

Ова година на интернационалната саемска туристичка манифестација “Fitur 2023” учестваат 8.360 компании од 150 земји/региони, 82.000 туристички работници/професионалци и 30.000 посетители од општата јавност. FITUR претставува водечки саем за туризам кој поврзува повеќе континенти и преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и не само шпанскиот туку и европскиот и светскиот приватен сектор.