BMW i3 – прв автомобил од карбонски влакна

45

bmw-i3-electric-car

BMW започна со сериско производство на својот електромобил i3. Освен специфичен погон, овој автомобил се одликува и со единствена каросерија – i3 е прв сериски автомобил од карбонски влакна.

“Револуцијата почна”. Со овие зборови развојниот шеф на BMW, Херберт Дис, го претстави новото техничко чудо на автомобилскиот саем во Франкфурт, пишува Дојче веле.

Карбонот е многу полесен од лимот и со тоа треба да се компензира тежината што со себе ја носат акумулаторите кај електричните автомобили. Со ова, скапите материјали кои досега наоѓаа широка примена само во авиоиндустријата и конструкцијата на болиди за Формула 1, за прв пат влегуваат во масовно производство. За таа цел, BMW се здружи со германскиот специјалист за карбонски влакна, компанијата SLG Carbon.

BMW i3 може да го наполни својот акумулатор од кој било штекер и со едно полнење може да помине до 150 километри. Овој електромобил уште есенва треба да се појави во салоните, а ќе чини околу 35.000 евра.