Невработеноста во еврозоната во јануари изнесувала 6,7 отсто, а во Европската унија 6,1 отсто, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат.
Според проценките на Евростат, во јануари во ЕУ биле невработени 13,2 милиони луѓе, додека во еврозоната, членки на ЕУ кои го имаат еврото како заедничка валута, 11,3 милиони луѓе биле без работа.
Во јануари бројот на невработени е намален за 318.000 во ЕУ и за 220.000 во еврозоната во однос на јануари 2022 година.
Еуростат ја следи и невработеноста на младите помлади од 25 години, од кои во јануари имало 2,3 милиони во ЕУ.
Споредено со истиот месец лани, бројот на млади невработени лица е зголемен за 116.000 во ЕУ и 112.000 во еврозоната.
Шпанија имаше убедливо највисока стапка на невработеност во јануари од 13 проценти (иако нема податоци за јануари достапни за Грција, каде невработеноста беше 11,6 проценти во декември).
Во Италија стапката на невработеност е 7,9 отсто, на Кипар 7,4 отсто, во Португалија 7,1 отсто, а во Финска 6,9 отсто.
Интересно е што најмала невработеност во членките на ЕУ има од Централна и Источна Европа.
Во Чешка стапката на невработеност е само 2,5 отсто, во Полска 2,8 отсто, а во Бугарија и Унгарија по 3,8 отсто. Освен нив, невработеноста во Германија била само три отсто, во Словенија 3,2 отсто.
Во САД, стапката на невработеност беше 3,4 проценти.