Рекордни исплати на дивиденди во 2022 година

226

Минатата година на глобално ниво е исплатена рекордна вредност на дивиденди од дури 1,56 трилиони долари, објави Janus Henderson Group.

Оваа британско-американска глобална група за управување со средства секоја година го објавува Глобалниот извештај за дивиденда, а новиот извештај покажува дека најголем раст на исплатата на дивиденди забележале компаниите на пазарите кои брзо се развиваат (13,1 отсто), а потоа следат Европа (со исклучок на Обединетото Кралство ) за 11,2 отсто, Северна Америка со раст од 10,2 отсто.

Според податоците, лани дивидендите се зголемени за 8,4 отсто, најмногу поради, како што велат, доларот кој силно порасна во однос на другите валути, како и поскапувањето на нафтата и гасот. Имено, поради овие цени се зголемија добивката на производителите на нафта и гас, што следствено ја зголеми исплатата на дивиденда на нивните акционери.

Значително зголемување на добивката имаа и финансиските институции во САД, Велика Британија и Европа, што придонесе за раст на глобалните дивиденди. Дополнително, значителен пораст на приходите и профитот имаа и водечките светски транспортни компании, па логично е сега добро да им оди и на нивните акционери, објави Лидер.хр.

Според аналитичарите на Janus Henderson Group, минатата година во Европа се исплатени рекордни 254,7 милијарди долари преку дивиденди. Нормализацијата на бизнисот по пандемијата, зголемената побарувачка и зголемените цени на автомобилите и луксузните стоки беа двигател на растот на дивидендите на континентот.

Европскиот финансиски сектор, особено банките, имаа доста добра дивиденда, а дури една петтина од исплатата се однесуваше на транспортот. Имено, данскиот гигант Moller Maersk во изминатиот период имаше рекордни цени за испорака и превоз. Раст забележаа и компаниите кои се занимаваат со производство и преработка на нафта, но нивниот процентуален придонес е релативно мал во Европа.

Француските фирми како нафтената компанија Тотал Енерџис и концернот за луксузни брендови LVMH плаќаа највисоки дивиденди во Европа.

Кога станува збор за германската економија, Мерцедес води на патот, заземајќи го првото место во однос на исплатите за прв пат од 2018 година. Во Холандија по дивиденди се издвојува Хајнекен, додека во Италија банкарскиот сектор.

На глобално ниво, 88 компании во изминатата година ги зголемија дивидендите или ги задржаа на исто ниво како и претходната година. Глобалниот раст на дивидендата беше толку силен што дванаесет земји имаа рекордни исплати во долари. Ова ги вклучува САД, Канада, Бразил, Кина, Индија и Тајван, но земји кои постигнале сериозен раст на дивидендата во сопствените валути, како што се Франција, Германија, Јапонија и Австралија.

Аналитичарите од Janus Henderson Group проценуваат дека стапките на економски раст, растот на инфлацијата на годишна основа заедно со геополитичките ризици ќе ја зголемат неизвесноста околу исплатата на дивиденди за бизнисот во 2023 година. Сепак, тие предвидуваат дека исплатите ќе достигнат 1,6 трилиони долари – со основниот раст од 2,3 проценти.

Фото:Freepik