Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923″ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед

82

Во пресрет на почетокот на новата сезона, непосредно пред сеидбата на новата реколта сончоглед, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923″ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци – производители на сончоглед.

Минатата година одговорно и навремено презедовме мерки за поддршка на домашното производство. Поттикнувајќи го договорното производство успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производствто на сончоглед. Во 2022 година ја сончогледот достигна досега највисока откупна цена од 35 денари по килограм, што е за скоро 60% поголема од откупната цена во 2021 година кога изнесувала 22 денари по килограм.

„Успех бележиме и кај откупенот сончоглед со околу 13.000 тони во 2022 година на ожнеана површина од 8.000 хекатри, што е за 7.900 тони повеќе од 2021 година, кога биле откупени 5.100 тони сончоглед. Податоците на Платежната Агенција исто бележат успешни бројки, каде за директните плаќања имаме 1.386 пријавени корисници за 2022 година, додека во 2021 година тој број бил 967 корисници. За повеќе од 106% се зголемени и пријавените површини со сончоглед каде за 2022 имаме пријавени 5.484 хектари, а во 2021 година бројката била 2.653 хектари. Дека го постигнавме очекуваниот ефект кај сончогледот говорат и бројките за  намаленот увоз на сончоглед во 2022 со само 1000 тони, споредбено со 4000 тони во 2021 година. Вкупно во 2022 година извезени се 131 тон сончоглед што потврдува дека успеавме во целта и целото домашно прозодство на сончголед го задржавме во домашните капацитети” изјави министерот Николовски.

Поддршка за производителите на житни култури обезбедивме и преку Интервентната прогрма со поддршка од 2.500 денари по хектар при набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед. Токму овие успешни резултати кои ги постигнавме беа нашиот мотив да ја започнеме најголемата земјоделска реформа преку новиот модел за субвенционирање. Сончогледот е една од културите која се вбројува во листата на значајни култури за која е обезбедена дополнителна поддршка. Со новиот модел сите земјоделци производители на сончоглед добиваат основна директна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвеницја по принос од 6.000 денари. За оние производители кои користат и сертифициран семенски материјал обезбедена е поддршка од 4.500 денари.

Со цел оваа година да имаме уште подобри резултати, министерот Николовски пред производителите на сончоглед денеска го презентираше новиот модел на субвенционирање и новите мерки кои ги ставаме на располагање за поддршка на земјоделците.