Првата кинеска пловечка турбина на ветер исплови кон Хаинан (Видео)

63

Првата кинеска пловечка турбина на ветер исплови од градот Жухаи во јужната кинеска провинција Гуангдонг до најјужната провинција Хаинан заради инсталација.

Платформата е изградена од кинеската национална офшор нафтена корпорација (CNOOC), а ќе биде инсталирана во водите оддалечени 136 километри од градот Венчанг, крајбрежен град во Хаинан, со инсталирана моќност од 7,25 мегавати, јавува Кинеското меѓународно радио.

Платформата, наречена CNOOC Guanlan, е висока околу 35 метри и тежи 4.000 тони.

По пуштањето во употреба, ветероелектраната ќе биде приклучена на електричната мрежа на група морски нафтени полиња за производство на нафта и гас.

Една турбина на ветер може да произведе дури 22 милиони киловат часови електрична енергија секоја година, намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид за 22.000 тони.