Цените на угостителските услуги продолжуваат да растат

102

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2023 година, во споредба со февруари 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 0.2 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 1.7 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − март 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 14.0 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 0.9 %.

Фото: Pixabay