Барселона би сакала да го ограничи бројот на посетители: Не можат да „живеат“ од туристи

138

Жителите на Барселона, како и советниците на овој град во Шпанија, се надеваат дека ќе можат да го ограничат бројот на туристи кои доаѓаат со бродови за крстарење.

Големите бродови за крстарење, некои повисоки од просечната станбена зграда, почнуваат да се закотвуваат на пристаништата на Барселона додека поголемиот дел од градот сè уште спие.

Тоа е сцена која стана секојдневие во Барселона. Минатиот понеделник требало да пристигнат пет бродови за крстарење, а во петок на 14 април се очекуваат дури осум огромни бродови да ги одведат патниците на пократки или подолги крстарења.

Додека темпото на пристигнување туристи се забрзува во шпанскиот град со 1,7 милиони жители, локалните власти бараат да го поправат статусот на Барселона како една од најпопуларните дестинации за крстарење во светот.

„Одиш и одеднаш има маса луѓе кои стојат заедно на улица. Тие не трошат ништо и немаат економско влијание. Тие само талкаат низ градот четири или пет часа и си заминуваат“, вели Џенет Санц, заменик градоначалничка и советничка одговорна за екологија, урбанизам и мобилност.

Градот долго време води битка за бројот на туристи со бродови за крстарење кои пристигнуваат во градот, кој достигна рекорд во 2019 година, надминувајќи 3,1 милион. Напорите на градските власти, сепак, постојано беа попречени од недостатокот на јурисдикција над пристаништето.

Овој пат, како што истакна Санц во неодамнешното писмо до регионалната влада, има повеќе причина од кога било регионот да ја искористи својата моќ над пристаништето и да ги ограничи пристигнувањата.

Регионот, исто така, се бори со својата најтешка суша во последните децении, што доведува до ограничувања на водата и напори за чистење до тон и половина риба дневно.

„Целосно е неразбирливо што во најсушите во последните 100 години, очекуваме повеќе патници на крстарењата од кога било досега“, вели Санц.

Градот сака бројот на пристигнувања на крстарења да биде ограничен на 200.000 патници месечно, односно максимум три брода дневно.

Додека тоа не се случи, жителите би биле принудени да се борат за простор со околу 25.000 туристи кои би сакале да ги видат најатрактивните места во градот, посочува Џенет Санц.

Претставниците на пристаништето во Барселона одговорија на обвинувањата со тврдење дека 80 отсто од бродовите за крстарење немаат потреба од вода од пристаништето, бидејќи се опремени со технологија за прочистување на водата.

Во соопштението се наведува дека повеќе од половина од туристите со бродови за крстарење кои пристигнуваат во градот оваа година – дури 58 проценти од вкупниот број – се очекува да го започнат или да го завршат своето крстарење од Барселона, а не да дојдат само на еден ден.

Со ова се полни градската каса, тврдат претставници на Пристаништето, повикувајќи се на студија од 2018 година која открила дека туристите со бродови за крстарење кои престојувале барем една ноќ во градот трошеле во просек по 230 евра дневно, што е четири пати повеќе од 57 евра кои во просек ги трошат оние што дошле само за неколку часа.

Во последните недели жителите излегоа на улиците со транспаренти „Стоп за инвазијата на туристите“, „Туристичкото насилство што го трпиме е неодржливо“.

Меѓу барањата е властите секоја вечер да ги чистат најфреквентните места, а да се преземе нешто за силниот звук и „тони ѓубре“ и „измет и урина по улиците“.

Санц ги опиша протестите како знак на потребата да се воспостави рамнотежа меѓу туристите и жителите кои мораат да станат рано за работа, да шетаат низ чисти улици и да користат продавници кои продаваат повеќе од сувенири.

„Одговорност на сите е, особено оние во туристичкиот сектор, да се погрижат Барселона да не стане тематски парк. Затоа што кога ќе стане, веќе нема да биде интересна за туристите“, рече Џенет Санц.

Фото: Pixabay