
SoftBank, наводно, ги продава речиси сите свои преостанати акции во Alibaba, ограничувајќи ја својата изложеност кон Кина и собира готовина бидејќи нејзините инвестиции во технологијата се погодени од падот на пазарот, пишува Fox Business.
Јапонската групација продаде акции на Alibaba во вредност од 7,2 милијарди долари оваа година, откако минатата година продаде рекордни 29 милијарди долари, пишува Financial Times.
Продажбата на крајот ќе го намали уделот на SoftBank на само 3,8 проценти, според регулаторните документи.
Јапонскиот инвеститор, предводен од милијардерот Масајоши Сон, своевремено имаше 34 отсто од акциите во Alibaba.
На крајот на февруари, SoftBank имаше само 98 милиони акции на Alibaba на продажба, според проценките на FT.
Долгогодишниот инвеститор се повлекува од Alibaba, во време кога технолошкиот гигант планира да се реорганизира во шест посебни единици.
Акциите на Alibaba се затворија во средата во Њујорк на 93,84 долари, откако претходно се тргуваа по 317 долари по акција.
Фото: Facebook











