
Неодамнешната криза во банкарскиот сектор може да ги натера банките во САД да бидат повнимателни и да го отежне давањето заеми на поединци и компании, смета американската секретарка за економија и финансии Џенет Јелен, која предвидува „умерен економски раст“ во земјата.
Во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, министерката рече дека американските банки би можеле да станат „малку повнимателни“ во деловното работење, што може да доведе до заострување на условите за одобрување кредити.
Според неа, тоа може да влијае на економските активности, но и да придонесе за забавување на инфлацијата.
И покрај превирањата во банкарскиот сектор, министерката рече дека нејзината прогноза за американската економија останува иста.
„Мислам дека ќе има умерен економски раст и солиден пазар на труд со пад на инфлацијата“, рече американската министерка и додаде дека засега не гледа ништо „драматично“ што би ги променило тие економски прогнози.











