Нова социјална мрежа станува сè попопуларна

Lemon8 е социјална мрежа за споделување фотографии и видеа, а во последните две недели нагло се зголеми интересот за неа во САД. Како што пишува Entrepreneur, во последната недела и половина апликацијата е инсталирана повеќе од 650 илјади пати, а е на второ место во Apple App Store по бројот на преземања во категоријата  lifestyle апликации.

Оваа нова социјална мрежа е опишана како комбинација на Instagram, TikTok и Pinterest. Фокусот е на темите за мода и убавина, а корисниците можат да споделуваат видеа или фотографии, пишува Entrepreneur. Како и Tiktok, има „For You Page“ каде што се појавуваат персонализирани објави. Апликацијата овозможува и пишување мали блогови.

Lemon8 е во сопственост на истиот сопственик како и TikTok, кинеската компанија ByteDance, и е достапен во САД и Велика Британија од февруари оваа година. Најпопуларен е во Јапонија, каде што постои од 2020 година, а на глобално ниво е преземенa вкупно 17 милиони пати.