
Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев вели дека има некое намалување на градежните материјали и дека цените на становите ќе одат надолу.
„Според она како се движат цените сега, има извесно намалување на градежните материјали. Ние како државна фирма сме регулатор на цената. Затоа сега набргу ќе се почне со градба кај старата воена пекарница, па така ќе можеме на ова лудило во државата и во целиот регион за цената на квадратен метар да бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад надолу“, рече директорот Ѓоргијев
-Не само кај нас, во цел регион и цел Балкан, па и низ цела Европа цените се нереални, додаде Ѓоргијев.











