
Во периодот од јануари до март 2023 година, преку гасоводи во Кина извезла природен гас во вредност од 1,61 милијарди евра, што е за 2,2 пати повеќе отколку во првиот квартал од минатата година.
Генералната управа на царината на Кина, која ја објави оваа информација, не ја објави количината на енергија што пристигнала од Русија преку гасоводот, пренесува Тасс.
Според овие податоци, Туркменистан и натаму е најголемиот снабдувач на природен гас за Пекинг, кој во првиот квартал од 2023 година извезол гас во оваа земја во вредност од 2,21 милијарди евра.
Увозот на гас од Туркменистан е зголемен за 14 отсто во однос на истиот период лани.
Фото: Pixabay











