Кина купува 22 милијарди кубни метри руски гас

Русија оваа година ќе ги зголеми своите испораки на природен гас кон Кина за речиси 50 %, изјави потпретседателот на руската Влада, Александар Новак, известува Анадолу.

Руската испорака на нафта, гас и јаглен за Кина е зголемена минатата година, соопшти Новак за рускиот ТВ-канал „Русија-1“.

„Минатогодишната испорака на гас изнесува 15 милијарди кубни метри. Во 2023 година очекуваме испораката да достигне 22 милијарди кубни метри, што е зголемување од речиси 50 %“, рече Новак.

Фото: pixabay