Општина Будва следната година ќе воведе посебен надомест за заштита на животната средина, таканаречена еколошка такса за туристи. Со тоа туристите што престојуваат во хотелите и во приватното сместување, освен такса за престој ќе плаќаат и еколошка такса.
Ова е еден од моделите како градот да собере пари за враќање на кредит од 58 милиони евра, пишува Вијести.
“Се уште не се знае точно колку ќе изнесува таксата, но очигледно ќе се направи разлика меѓу приватното и хотелското сместување, а предлогот е за гостите во хотел со четири ѕвездички да изнесува две евра”, изјавиле од општината за Вијести.
Според пресметиките на комисијата, се очекува дека од таксата би можело да се соберат околу 1,5 милиони евра годишно.