
Германски Мерцедес, 14 месеци по рускиот напад на Украина, целосно се повлече од рускиот пазар, објави во вторникот автомобилскиот гигант.
Концернот потврди дека ги продал своите руски операции на домашниот Автодом во април, со потребните дозволи и ги исполнил договорните обврски. Детали за трансакцијата не беа откриени.
Набргу по рускиот напад врз Украина, Мерцедес го запре извозот во Русија и локалното производство, потсетува ДПА.











