Форбс: Пол Мекартни е третиот најбогат музичар со имот вреден 1,4 милијарди евра

Британскиот музичар Пол Мекартни (84), поранешен член на легендарната група Битлси, достигна богатство од околу 1,4 милијарди долари и стана третиот најбогат музичар во светот, објави списанието Форбс.

Според Форбс, Мекартни е зад американските музички ѕвезди Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со имот од околу 2 милијарди долари.

За време на својата шестдецениска кариера, Мекартни изгради бизнис империја од авторски права, музички каталози, концертни турнеи, недвижности и уметничка колекција.