Хрватската Атлантик група ќе инвестира скоро 16 милиони евра во нова фабрика за производство на енергетски плочки во Нова Градишка, соопштија од компанијата, пренесуваат хрватските медиуми.
Почетокот на изградбата е планиран за април 2014 година, а првите производи од асортиманот за спортска и активна исхрана на пазарот се очекуваат во првиот квартал од 2015 година.
Претседателот на управата на Атлантик група, Емил Тедески, истакна дека со големо задоволство влегуваат во овој проект, пред се поради создавање на нова вредност на најдиректен начин – со изградба, производство, вработување, а во финишот и со извоз на сопствени производи со висок квалитет на светски и европски пазар.
Атлантик Група е водечки европски произведувач на производи за спортска и активна исхрана под брендот Multipower, а најголем дел од асортиманот произведува во сопствени погони во околината на Хамбург (Германија), Рогашка Слатина (Словенија) и во други земји.