Airbnb откри кои дестинации се најбарани за одмор оваа година

176

Летото е буквално зад аголот, а тоа значи само едно: време е да размислите за одморите!

Оваа година, сепак, поради растот на цените, ќе биде нешто поголем предизвик во однос на планирањето на одморот, но за да го олесни процесот, Airbnb ги анализираше најпопуларните дестинации ширум светот и ги филтрира според сместувањето кое чини помалку од 100 долари по ноќ.

На овој начин се идентификувани многу прекрасни вили на сите континенти, а Airbnb дури подготви препораки за четири различни типови на патници.

На пример, група дестинации и вили на платформата е наменета за патници кои сакаат да уживаат неколку дена во глетка што го одзема здивот, додека друга е посветена на културата, музеите, храната и ноќниот живот. Третата категорија е целосно прилагодена на луѓето кои припаѓаат на генерацијата Z, додека конечно постои категорија за постари патници, бидејќи луѓето од оваа возраст имаат и време и пари за патување во странство.

Главните трендови за летото 2023 година на дестинации полни со природни пејсажи се:

Винипег, Канада

Сен Жерве-ле-Бен, Франција

Кејп Таун, Јужна Африка

Јунг-гу, Сеул, Јужна Кореја

Окленд, Нов Зеланд

Најдобрите урбани дестинации за патниците кои бараат култура се:

Кали, Колумбија

Милано, Италија

Банкок, Тајланд

Сугинами, Токио, Јапонија

Велингтон, Нов Зеланд

Најпопуларните дестинации за летото 2023 година за патниците на Gen Z кои сакаат авантури се:

Маракеш-Сафи, Мароко

Палермо, Италија

Амфое Кату, Пукет, Тајланд

Хигашијама, Кјото, Јапонија

Викторија, Австралија

Tоп дестинации за пензионерите за ова лето се:

Антигва, Гватемала

Буенос Аирес, Аргентина

Белфаст, Северна Ирска

Порто, Португалија

Куала Лумпур, Малезија