Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денес промовираше нова пост пејт понуда TOTAL S на пазарот на мобилната телефонија наменета за пензионерите.
Станува збор за пакет со месечна претплата од 279 денари, а вклучува бесплатен телефон Alcatel 2000.
Со TOTAL S пензионерите добиваат неограничени бесплатни разговори кон сите мобилни и фиксни броеви на мрежата на ОНЕ, 40 бесплатни минути и 100 СМС кон другите национални мрежи.
Од ОНЕ најавија дека за овој пакет процедурата за склучување на договор, кој е на две години, ќе биде поедноставена и доволно е само приложување на лична карта и пензионерски чек.
Пензионерскиот пакет во мобилната телефонија претставува надополнување на портфолиото на ОНЕ, кое од пред четири години има и пензионерски пакет во фиксната телефонија.