Шведска сака да купува ѓубре од Бугарија, Романија и Италија

49

Шведска се подготвува да откупува отпад од Бугарија, Романија и Италија, јавува агенцијата Фокус.

Оваа скандинавска држава има програма за создавање на енергија од отпад, која е исклучително успешна, но од неодамна се соочува со изненадувачки проблем – недостиг на доволно отпад. Во Шведска само 4% од ѓубрето завршува на депониите, другото се преработува.

Поради ефективноста на претворањето на отпадот во енергија, Шведска наскоро ќе почне да увезува по околу 800.000 тони ѓубре годишно од други држава.

Норвешка сега и плаќа на Шведска да го зема нејзиното ѓубре.

“Шведските интереси сега се насочени кон Бугарија, Романија и Италија, како идни извозници на ѓубре. Овие земји имаат многу отпад на депониите, што е исклучително неефикасно и штетно за животната средина”, изјави за едно американско радио Каталина Остлунд, главен консултант на агенцијата за заштита на животната средина.