Во ЕУ бројот на градежни дозволи се намали за пет проценти во 2022 година

Бројот на градежни дозволи во Европската унија е намален за речиси пет отсто во 2022 година, објави Евростат.
Градежните дозволи се намалени на 386,7 милиони квадратни метри или за 18,1 милиони квадратни метри.

Како што е наведено, ова намалување следи по порастот од 15 проценти во 2021 година, како одраз на периодот на опоравување во годината по врвот на пандемијата „Ковид-19“, пренесува Танјуг.

Само во однос на домувањето, дозволите исто така паднаа за четири проценти во ЕУ, по зголемувањето од 16 проценти во 2021 година.