Џиновски рубин од 55,22 карати, наречен „Estrela de Fura“, најголемиот досега понуден на аукција, е продаден во Њујорк за 34,8 милиони долари, што е рекорд за тој скапоцен камен, објави Сотби (Sotheby’s).
Исечен и обликуван во груб камен од 101 карат, откриен во септември во рудник во Мозамбик со кој управува компанијата Фура гемс, каменот беше ѕвезда на продажбата на дијаманти во која беа вклучени 100 други скапоцени камења.
Почетната цена на рубинот беше 21 милион долари, но анонимен купувач понуди 34,8 милиони долари.
Претходниот рекорд го држеше рубин од 25,59 карати од Мјанмар, продаден за 30,33 милиони долари. Таа продажба се одржа во Женева во 2015 година, исто така организирана од куќата Сотби.
The “Estrela de Fura,” a 55.22-carat Mozambique ruby, sold for $34.8 million ($630,288 per carat), establishing a world record price for a ruby and any colored gemstone sold at auction. https://t.co/bY9pRycMJv pic.twitter.com/kjE73OaHLH
— Forbes (@Forbes) June 9, 2023
Фото: Printscreen