
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11. 122. 983 илјади денари, што е за 5.9 % повеќе во однос на претходната година.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 4 183 090 илјади денари (37.6 %), потоа следат групите Материјали за армирање и прицврстување со 1 433 094 илјади денари (12.9 %), Потрошено гориво со 1 336 327 илјади денари (12.0 %), итн.











