Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

69
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2023 година изнесува 69.934, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во април 2023 година изнесува 130. 702, од кои 28.4 % се од домашните туристи, а 71.6 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 24.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.6 %, а кај странските има зголемување за 46.1 %.
Во периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4.8 %, а кај странските има зголемување за29.0 %.