
Во 2022 година, 3,6 милиони луѓе сакаа работа во Тесла, а беа вработени 29.000 нови работници.
Според анализата на Ројтерс бројот на вработени во Tesla би можел да биде помал оваа година бидејќи компанијата го намалила бројот на слободни работни места што ги објавува од мај.
Шефот на Tesla, Илон Маск на 15 мај апелираше до одговорните во компанијата да бидат повнимателни при објавувањето на понудите за вработување и да не вработуваат многу нови работници.
Од тој момент, Tesla објави речиси 1.400 понуди за вработување во компанијата, пред сè во САД, на различни позиции.
Маск беше еден од првите шефови на големи компании кој пред една година предупреди за претстојната рецесија, а во мај оваа година рече дека состојбата на светската економија ќе биде „тешка“ во следните 12 месеци.
Според британската агенција, на крајот на 2022 година, во Тесла работеле речиси 128.000 луѓе.











