Азиските берзи на највисоко ниво во последните четири месеци

Азиските берзи пораснаа во петокот, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи не се очекува американската централна банка да ги зголеми каматните стапки толку агресивно како што сигнализираше.
Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион порасна за 0,4 отсто околу 7:00 часот, така што е на пат за неделна добивка од околу 2,5 отсто. Благодарение на ова, тој го достигна највисокото ниво во последните четири месеци.

Утринава јапонскиот индекс Никеи порасна за 0,15 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија пораснаа меѓу 0,3 и 1,1 отсто.

Азиските инвеститори беа охрабрени од утринава одлука на јапонската централна банка дека ќе продолжи да води исклучително поддржувачка монетарна политика.

Поттик за пазарите дојде и од Волстрит, каде цените на акциите значително пораснаа вчера, пренесе Хина.