Уште една земја аплицираше да стане членка на БРИКС

150

Бангладеш официјално аплицираше да стане членка на БРИКС, меѓународна организација составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Како што објави „Дака трибјун“, барањето за приклучување било испратено откако премиерот на земјата Шеик Хасина се сретнал со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза.

Неколку земји, вклучувајќи ги Египет, Иран и Аргентина, веќе поднеле барање за приклучување кон БРИКС, додека неколку други изразија интерес за приклучување, пишува телетрјдер.