
На азиските берзи цените на акциите паднаа втор ден по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека намалувањето на каматните стапки на кинеската централна банка не е доволно за значително да го поттикне економскиот раст.
Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше во минус од 0,6 отсто околу 07:00 часот, слабеејќи втор ден по ред.
Утрово јапонскиот индекс Никеи се лизна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,1 и 1,5 отсто. Во Австралија, пак, тие се зголемени за 0,9 отсто.
Кинеската централна банка утринава ги намали клучните каматни стапки
Кинеската централна банка утринава ги намали клучните каматни стапки за 0,10 процентни поени за да го поттикне економскиот раст.
Сепак, тоа особено не ги охрабри инвеститорите, кои сметаат дека е потребен целосен пакет фискални и монетарни стимулативни мерки.
Низа неодамнешни податоци укажуваат на значително побавен раст на кинеската економија од очекуваниот по укинувањето на рестриктивните мерки за коронавирусот.











