
Интересот на инвеститорите за инвестирање во што било поврзано со вештачката интелигенција е несмалено. Имиња како Бил Гејтс, Џек Ма и Џеф Безос се на „мета“ на ваков стартап. И тоа рударска компанија.
Калифорниската компанија KoBold Metals , која истражува метали како бакар, литиум и кобалт со помош на вештачка интелигенција, собра околу 200 милиони долари средства, рече ко-основачот и извршен директор Курт Хаус.
Капиталната инјекција ја вреднува компанијата на повеќе од милијарда долари, рече тој, што сега ја става меѓу познатите „еднорози“, или стартапи вредни над 1 милијарда долари, пишува Wall Street Journal.
Инвеститорите вложуваат пари во проекти кои ќе и помогнат на светот да премине кон позелена економија, вклучително и производство на батерии за електрични возила, проекти за чист водород и технологии за отстранување на јаглерод. Сето ова бара збир на метали кои тешко се наоѓаат и е скапо да се откопуваат од земјата. Затоа, не е ни чудо што некои од инвеститорите се ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, основачот на Амазон Џеф Безос и основачот на Алибаба Џек Ма.
Рударската компанија брзо дојде до пари
Основана во 2018 година, KoBold вели дека користи наука за податоци и машинско учење за да ги идентификува депозитите на кобалт, бакар, никел и литиум, клучни компоненти на бумот на електричните возила. Има 60 тековни истражувачки проекти во Северна Америка, Африка и Австралија.











