
Германска компанија за производство на тегли Weck-Glaser поднесе барање за банкрот.
Ова го потврди и портпаролката на компанијата за медиумите, но не откри дополнителни информации за причините за банкротот.
Седиштето на компанијата е во градот Вер. Компанијата има производство и во Бон. За таа филијала е отворена и стечајна постапка. Традиционалната компанија постои повеќе од 123 години. Покрај надалеку познатите тегли тие произведуваа и стаклен асортиман за трговија и гастрономија. Локалните медиуми јавуваат дека бизнисот во Германија станува сè потежок. Енергетската криза, пандемијата и недостигот на работници сериозно се одразија на германската економија.
Досега стечај прогласија неколку фирми кои се занимаваа со продажба на облека и обувки, но и храна. Затворени се и голем број традиционални продавници и стоковни куќи.











