
Граѓаните на еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните 12 месеци да изнесува 3,5 проценти, што е зголемување во споредба со проектираните 3,1 процент во септември, според октомвриската анкета на Европската централна банка (ЕЦБ) објавена денес.
Во исто време, испитаниците очекуваат дека нивниот номинален доход ќе порасне само за 0,6 проценти во истиот период, што е значително влошување во споредба со 1,1 процент од минатиот месец и очигледно недоволно за покривање на прогнозираната стапка на раст на инфлацијата.











