Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи го купува францускиот Стразбур

Американскиот конзорциум BlueCo, кој минатата година го купи англискиот клуб Челзи, ќе ја преземе контролата и врз францускиот прволигаш Стразбур.

Американецот Тод Боли  и неговите соработници го купија РК Стразбур Алзас. Според англиските медиуми, за мнозинскиот пакет акции ќе платат околу 70 милиони евра, пишува SEEbiz.

„Овој договор означува ново поглавје во фудбалот“, се вели во соопштението на BlueCo.

„Почестени сме што сме дел од овој историски клуб. Оваа стратешка инвестиција ќе го зајакне нашето присуство во европскиот фудбал, заедно со нашиот удел во клубот од Челзи“, се додава.

Новите сопственици најавија и дека актуелниот претседател на клубот Марк Келер ќе продолжи да го води клубот од стадионот Де ла Мејнау.