
Италијанската енергетска групација „Ени“ ја купи британската компанија „Нептун енерџи“ за 4,5 милијарди евра, објавено е на веб-страниците на двете компании.
Во купувањето учествуваше и норвешката компанија „Вар енерџи“, во која Ени има мнозински удел од 63,0 отсто, а преземањето би можело да се заврши во првиот квартал од следната година.
„Нептун енерџи“ е компанија која се занимава со истражување и експлоатација на нафта и гас, а е активна во Европа, Северна Америка, Индонезија, Алжир и Австралија.
Според условите на договорот, главниот дел од компанијата „Нептун“ ќе премине во директна сопственост на компанијата „Ени“ за 2,4 милијарди евра, додека норвешкиот дел од „Нептун“ ќе биде префрлен на „Вар енерџи“. “ – за 2,1 милијарди евра.
Германската филијала на Нептун Енерџи е изземена од овој договор и ќе остане во рацете на сегашниот сопственик.











