„На светот ќе му треба повеќе нафта – не помалку“: Потрошувачката до 2045 година ќе скокне за една четвртина, тврди ОПЕК

157

Глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми на 110 милиони барели дневно за околу 20 години, зголемувајќи ја светската побарувачка за енергија за 23 отсто, објави во понеделникот ОПЕК.

– Нафтата е незаменлива во блиска иднина – изјави генералниот секретар Хајтам Ал Гаис од Организацијата на земјите извознички на нафта, говорејќи на инаугуративната конференција одржана во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.

– Во нашата светска перспектива, гледаме дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми на 110 милиони барели дневно до 2045 година – рече тој, додавајќи дека нафтата дотогаш сепак ќе сочинува околу 29 отсто од енергетскиот сектор.

Прогнозата е во спротивност со прогнозите на Меѓународната агенција за енергија за годишната побарувачка да се намали од 2,4 милиони барели дневно во 2023 година на 400.000 барели дневно во 2028 година.

Пред две недели, ИЕА прогнозираше дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 6 отсто од 2022 година на 105,7 милиони барели дневно во 2028 година, поттикната од петрохемискиот и воздушниот сектор.

Генералниот секретар на ОПЕК додаде дека недоволните инвестиции во нафтената индустрија само ќе ја доведат во прашање одржливоста на постоечките енергетски системи и ќе доведат до „енергетски хаос“.

Помеѓу сега и 2030 година, Ал Гајс предвиде дека уште половина милион луѓе ќе се преселат во градовите ширум светот бидејќи глобалната економија продолжува да се шири. На светот ќе му треба повеќе нафта – не помалку, рече тој.

Ал Гајс призна дека обновливите извори на енергија ќе играат поголема улога во светската потрошувачка на енергија во иднина и потврди дека некои земји-членки на ОПЕК „веќе значително инвестираат“ во таа област.