Ријана се повлекува по пет години: Веќе не е директор на својот бренд

66

Пејачката Ријана се повлекува од функцијата извршен директор на брендот за долна облека што го основа пред пет години.

Компанијата Savage X Fenty првпат се појави во форма на онлајн продавница во 2018 година и многу брзо еволуираше во таканаречени „поп-ап“, привремени продавници кои продаваат долна облека, облека за спиење и салонки, а за кратко време  брендот доби постојани продавници низ целата земја.

„Беше убаво да се види како нашата визија за Savage X Fenty влијаеше на толку голема индустрија во последните пет години“, изјави Ријана за Vogue Business.

Форбс објави дека Savage X Fenty се проценува дека вреди 1 милијарда долари во февруари 2021 година.

– Ова е само почеток за нас и ќе продолжиме да се шириме на начини кои секогаш се поврзуваат со потрошувачите – додаде таа.

Ријана, чие целосно име е Робин Ријана Фенти, наводно ќе остане во водечка улога во компанијата како извршен претседател.

Поранешниот извршен директор на Групацијата Anthropologie, Хилари Супер, од 26 јуни ќе стане нов извршен директор на бизнисот вреден милијарди долари.

– Многу сум благодарна и возбудена што ја пречекувам Хилари Супер како наш нов извршен директор. Таа е силен лидер и е фокусирана на подигање на бизнисот на уште повисоко ниво – изјави Ријана.

Фото: Facebook