Милионер 40 години неуспешно се обидува да се запише на факултет, паѓа на приемниот испит 27 пати

69

Кинески милионер не успеа да го положи најтешкиот приемен испит на факултет во Кина и при 27. обид.

Лианг Ши, 56-годишен маж, полага четири децении, а пред неколку дена повторно падна – освои 424 од 750 можни поени.

Нему му недостасуваа 34 поени за да го достигне прагот потребен за аплицирање за прием на кој било кинески универзитет.

Речиси 13 милиони студенти полагаа оваа година.

Локалните медиуми објавија за новиот обид на Лијанг да влезе во колеџ.

Приемните испити ги полага од 1983 година, а на новинарите им рекол дека е разочаран од овогодинешниот резултат и се прашувал дали некогаш ќе успее да го оствари својот сон.

„Порано велев „не верувам дека нема да успеам“, но сега сум во депресија“, изјави човекот од Сечуан за кинеската новинска агенција Тианму.

Гаокао, исклучително тежок испит, го полагаат матурантите во Кина, а се проверува нивното познавање на кинески, математика и англиски јазик, како и друг предмет по нивен избор.

Податоците од кинеската влада покажуваат дека само 41,6 отсто од пријавените кандидати влегле на универзитети или колеџи во 2021 година.