
Европските градови како Рим, Милано, Париз, Барселона, Виена и Лондон претставуваат Мека за шопингхоличари. Во овие престолнини и туристички центри сигурно ќе најдете се што сте наумиле да купите на вашето незаборавно патување.
Рим
Рим е еден од најстарите трговски центри во светот и е моден центар веќе еден век. Сите најдобри дизајнери во светот се во Рим. Продавници на најголемите светски модни имиња Армани, Прада, Версаче, Долче и Габана, Гучи. Via del Corso е убедливо најпопуларната улица за Римјаните и туристите.
Милано
Остануваме во Италија. Главниот град на високата мода, Милано, е една од врвните шопинг дестинации. Продавниците на модните куќи Армани, Версаче и Д&Г се доволна причина секој да планира посета на овој град. Милано често се нарекува шопинг мека, а главната причина се бројните аутлет молови и трговски центри кои нудат големи попусти.
Барселона
Се наоѓа на листата на најдобри шопинг дестинации во светот. Во Барселона има автобус „Barcelona shopping line“, кој превезува патници низ сите најважни трговски области во градот. Познатите домашни модни куќи Манго и Зара се борат со другите најсилни познати брендови.
Париз
Париз е град кој е создаден за „шопинг од соништата“. Париз е најголемиот моден центар во Европа. Имиња како Диор, Ив Сен Лоран, Шанел, додека Луј Витон својот најголем бутик во светот го има во Париз. Во градот на љубовта можете да најдете сè, од модерни продавници до уникатни предмети. Во Париз има места каде што сè е уникатно и има едно парче, затоа Париз е најоригинален и најшарен, за разлика од Рим и Милано, каде понекогаш сите носат тренди и исто…
Виена
Австрија го има најголемиот трговски центар во Европа – Shopping City Sud, каде што најпознатите модни куќи имаат бутици. Покрај овој трговски центар, Виена ја красат и многу убавата Mariahilferstrasse, која е исполнета со меѓународни продавници. Оваа улица е особено интересна за љубителите на накитот и скапата облека.
Фото: Facebook











