
Владата на италијанскиот премиер Џорџија Мелони го избра Фабио Панета, член на Извршниот одбор на Европската централна банка, да го наследи Игнацио Виско како следен гувернер на Банката на Италија. Неговата номинација беше одлучена на седницата на Владата во Рим.
Претседателот на државата Серџо Матарела ќе мора да го одобри ова назначување пред Панета да го замени поранешниот гувернер Виско, чиј мандат завршува на крајот на октомври, пишува Блумберг.
Ова е потенцијално најзначајниот избор што ќе го направи десничарската коалиција оваа година, трет во серијата кадровски одлуки што им овозможија на Мелони и нејзините колеги да го преобликуваат италијанското економско раководство по нивен вкус.
Со оглед на тоа што огромниот долг на Италија надминува 140 отсто од бруто домашниот производ, улогата на гувернерот е важна и одлуките што тој ги носи се еден начин за борба против кризата, исто како што мораше да стори претходникот на Панета кога приносите на обврзниците се зголемија на почетокот на пандемијата во 2020 година.











