
САД ќе воведат нови ограничувања за извозот на полупроводници кои се користат за вештачка интелигенција во Кина, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои извори.
Според истите извори, се разгледува и забрана за извоз на облак технологии кои можат да се користат за развој на вештачка интелигенција (ВИ). Вашингтон стравува дека Пекинг би можел да ги користи производите на калифорниската компанија Nvidia и други производители на чипови за воени цели, пишува американскиот весник.
Од американското Министерство за трговија сè уште не се изјасниле, ниту пак компаниите споменати во написот.











