
Во 2022 година, производството и потрошувачката на јаглен во Европската унија продолжи да расте, достигнувајќи 349 милиони тони (за 5% повеќе во однос на претходната година), пренесува „Билтен“ повикувајќи се на Евростат.
Во 2022 година, Европската унија произведе 294 милиони тони кафеав јаглен (повеќе од 6% во споредба со 2021 година). Денес, лигнитот го произведуваат девет земји-членки на ЕУ, а Германија е главен производител со околу 44% од вкупното производство на лигнит.
Други земји-членки кои произведуваат кафеав јаглен се Полска (19%), Бугарија (12%), Чешка (11%), Романија, Грција, Унгарија, Словенија и Словачка.
Бројките за потрошувачката на лигнит и кафеав јаглен се многу слични со производството, бидејќи овие видови јаглен обично не се тргуваат, туку се користат дома за производство на електрична енергија.
За тврдиот јаглен, категоријата јаглен со поголема енергетска содржина, производството во ЕУ достигна речиси 55 милиони тони во 2022 година. Во моментов, во ЕУ останаа само два производители на тврд јаглен: Полска и Чешка.
Полска (38%) и Германија (25%) учествуваа со речиси две третини од вкупната потрошувачка на јаглен во ЕУ во 2022 година, а потоа следат Италија, Холандија, Франција, Шпанија и Чешка.











