ЕУ го отфрли предлогот на САД за укинување на царините

Европската унија го отфрли предложеното решение на Соединетите држави за укинување на царините за челик и алуминиум, што ги зголеми стравувањата од обновен трансатлантски трговски спор.

Двете страни ставија крај на тарифната војна поради мерките воведени во 2021 година од тогашниот американски претседател Доналд Трамп, но до октомври ќе треба да најдат нов обврзувачки „зелен“ договор, пишува „Фајненшл тајмс“.

ЕУ верува дека решението предложено од САД најверојатно ќе ги прекрши правилата на Светската трговска организација бидејќи дискриминира во корист на домашните производи, изјавија неименувани претставници запознаени со ситуацијата.

Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис следната недела патува во Вашингтон на понатамошни преговори.

Доколку двете страни не постигнат договор, американските тарифи автоматски ќе се вратат во октомври, како и одмаздничките мерки на ЕУ.

Фото: Pixabay