
Боливија потпишала договори за експлоатација на литиум со руската компанија „Uranium One Group“ и кинеската „Citic Guoan Group“, соопшти владата на оваа јужноамериканска земја.
„Uranium One Group“ е компанија која работи во рамките на рускиот енергетски гигант Росатом, пренесува Reuters.
Првиот заменик директор на Росатом, Кирил Комаров, изјави дека руската фирма ќе произведува до 25.000 тони литиум годишно во Боливија.
Тој го спомена и можното проширување на овој комплекс за експлоатација на литиум, согласно проценетите резерви на овој метал.











