Кронен Цајтунг: Цените во Хрватска скокнаа од воведувањето на еврото, пица 18 евра, паркинг 40 евра

Хрватска повеќе не е евтина дестинација, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“ и забележува дека цените во земјата вртоглаво пораснале по воведувањето на еврото.

„Зејтин за 4,5 евра, пица за 18 евра и паркинг за 40 евра – она ​​што звучи како луксузен одмор во скапа Швајцарија се случува во некогаш евтина земја за одмор. Во Хрватска цените вртоглаво пораснаа по воведувањето на еврото“, пишува австрискиот весник.

Хрватска на 1 јануари годинава премина на еврото и во исто време се укинаа граничните контроли со земјите од ЕУ, што, како што велат, е радост за туристите, пренесува медиумот.

Но, тоа не е случај со цените во Хрватска.

„Моментно сум на одмор во Хрватска и овде е поскапо отколку во Австрија и ме нервираат некои јадења, кои и без прилози имаат неверојатна цена“, изјави за весникот една читателка.